Околу 120 првачиња, денес седнаа во училишните клупи во двете основни општински и десетте подрачни училишта на територијата на општина Василево.
Осумдесетина од нив се во ООУ„Гоце Делчев “, Василево и неговите подрачни училишта во населените места Радичево, Дукатино, Сушево, Владевци, Седларци, Едрениково и Ангелци, а четириесетина се ученици во ООУ„Атанас Нивичански“ заедно со подрачните училишта во негов состав во Висока Маала, Чанаклија и Доброшинци.
Добредојде на првачињата им посакаа директорите на училиштата, Стојан Тимов и Соња Ничева и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.
„ Бидете секогаш среќни, весели, насмеани. Бидете умни, учете вредно, внимавајте на часовите, слушајте ги наставниците и родителите, почитувајте ги возрасните. Знаењето што овде ќе го стекнете ќе Ви отвори многу врати. А ние возрасните секогаш ќе сме овде за вас, да ви помогнеме, да ве посоветуваме, да ве насочиме. Вие со вашиот труд, ние со нашето искуство и можности, ќе градиме поубава сегашност и иднина за сите“, им порача градоначачникот Јанев на првачињата на нивниот прв училишен ден.
Дополнително, денешниот ден на првачињата им беше разубавен и со подарокот – школски прибор, што го обезбеди општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.