Во среда, со почеток во 20 часот, во Нардониот театар „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одигра премиерата на претставата „Петтиот чин“.
„Петтиот чин“ е дело на Љубомир Џурковиќ, а улогите ги толкуваат Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски, кои со оваа премиера ќе одбележат 35 години јубилеј – театарска работа во „Антон Панов“.
Режисер на претставата е Ник Апер од Словенија, кој е еден од лауреатите на наградата „Ристо Шишков“.
Влезниците за премиерата, како и за репризата во четврток ќе чинат 150 денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.