Шумскиот пожар што синоќа избувна над Ново Село е локализиран и ставен под контрола – изјави Александар Гудев, Командир на ТППЕ „Струмица“.
Пожарот избувнал синоќа на местото викано „Рамна Ритка“ и зафатил нискостеблеста шума на поголема површина.
Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и шест пожарникари и екипи на ЈП „Македонски Шуми“.
На местото на пожарот останале противпожарните екипи за да ги санираат остатоците од пожарот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.