Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмица ќе се приклучи на големата хуманитарна акција за донирање храна на социјално загрозени граѓани

На 6-ти септември од 10 до 19 часот ќе биде организирана голема хуманитарна акција за донирање храна на социјално загрозени граѓани, на 33 пунктови за донации во вкупно 10 градови во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница.

Граѓанската иницијатива„Мрдни со прст“ ја поддржа Националната иницијатива „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на мрежата „Сите сити“ а чиј идеен творец е Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна, со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна до нашите сограѓани преку собирање на еднаш месечно на 10 тони храна за оние на кои им е најпотребна.

Организаторите им препорачуваат на сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива, како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, кокошкина супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Во Струмица акцијата ќе се одвива на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.