Од 8-ми до 12-ти август во Струмица ќе се одржува 26-тото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот свечено ќе биде отворен на 8-ми септември во 20 часот со најдобрата театарска претстава „Клетници“ од Виктор Иго, во изведба на актери од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
Дел од богатата програма се и Драмски Куклен Театар од Враца – Република Бугарија, монодрами, театар „Комедија“ – Скопје, Књажевско – Српски театар, Крагуевац, Театар за деца и младинци – Скопје и многу други.
Жирито е предводено од минатогодишната лауреатка, српската актерка Тања Бошковиќ а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и нашата позната актерка Јоана Поповска.
Годинава, за медалјонот со ликот на патронот на фестивалот – Ристо Шишков и паричната награда во вредност од 1.500 евра, ќе се борат педесетина актери од десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија.
Покрај редовната програма најавена е и дополнителна, богата фестивалска програма со промоција на повеќе дела и средби на поети од Македонија и Бугарија.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.