Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Денес во Струмица се одржа работилницата „ЕУ за тебе“

Струмица денес беше домаќин на кампањата на делегацијата на Европската унија „ЕУ за тебе“.

Во големата сала на домот на АРМ се одржа работилница за механизмите и финансиската поддршка од ЕУ, на која Никола Бертолини, раководител за соработка при делегацијата на Европската унија, ги презентираше можностите за финансирање од европските фондови на локалната власт, граѓанските организации, бизнисмените и земјоделците во следните три години.

На работилницата присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски. Тој истакна дека Струмица е на врвот на општините по искористувањето на средства од европските фондови и понатаму ќе ги користи сите свои капацитети за реализација на проекти со европски пари кои што ќе бидат во интерес на граѓаните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.