Деновиве несовесни граѓани кои гравитираат околу улица „Бетовенова” повторно го истурија својот шут и стар мебел покрај улицата на која живеат известуваат од „Комуналец”
„Фотографиите и овој пат покажуваат дека посебно во овој дел од градот жителите немаат основни навики за култура, хигиена, едноставно се што им е непотребно го фрлаат покрај улица, покрај местото каде што секојдневно поминуваат, покрај местата каде што нивните деца го поминуваат поголем дел од времето. Сето ова дава крајно лоша слика за нив но и за останатите граѓани па и за цела Општина Струмица.”, се вели во соопштението од јавното претпријатие.
И покрај секојдневните укажувања oд „Комуналец” уште еднаш апелираа сите да допринесеме за да имаме поубава почиста околина во која ке живееме подобро, ќе се чувствуваме поубаво.
Екипа од Одделението „Комунална хигиена“ денес беше на терен и започна со чистење и се надева дека со поразумно и покултурно однесување ваквите депонии ке бидат се поретка појава.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.