Денес почнува 26-тото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот свечено ќе биде отворен во 20 часот со најдобрата театарска претстава „Клетници“ од Виктор Иго, во изведба на актери од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
Дел од богатата програма се и Драмски Куклен Театар од Враца – Република Бугарија, монодрами, театар „Комедија“ – Скопје, Књажевско – Српски театар, Крагуевац, Театар за деца и младинци – Скопје и многу други.
Жирито е предводено од минатогодишната лауреатка, српската актерка Тања Бошковиќ а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и нашата позната актерка Јоана Поповска.
Годинава, за медалјонот со ликот на патронот на фестивалот – Ристо Шишков и паричната награда во вредност од 1.500 евра, ќе се борат педесетина актери од десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија.
Покрај редовната програма најавена е и дополнителна, богата фестивалска програма со промоција на повеќе дела и средби на поети од Македонија и Бугарија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.