Ракометарките на ЖРК „Струма – Геотермика“ извојуваа убедлива победа над противникот од второто коло од Женската кадетска лига на Македонија, ЖРК „Овче Поле“ со резултат од 23:19 (13:5).
Ова, како што изјавија од клубот е втора очекувана победа, со движење на резултатот и до 9 голови разлика, а победата не беше доведена во прашање ниту во еден момент.
На натпреварот највпечатливи беа капитенот Сара Стојанова со постигнати 11 гола, средниот бек Добрица Милчевска со постигнати 7 гола, како и голманот Марија Грковска со 12 одбрани, а пофалби од тренерскиот состав за борбената игра и прикажаната зрелост пристигнаа на адреса на сите девојчиња од составот на „Струма – Геотермика“.
„Голема благодарност до нашиот генерален спонзор ГЕОТЕРМИКА од Струмица без кој ова задоволство немаше да го доживееме. Благодарност и до публиката која на секој наш натпревар е во се поголем број. Оваа генерација со просек 2002-ра година се натпреварува во категорија од 2004-та година ветува доста и се надеваме наскоро за 2-3 години дека Струмица ќе има една сопствена суперлигашка екипа. Борбата продолжува нема опуштање, не очекуваат потешки натпревари.“, истакнаа првите луѓе на клубот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.