Од вчера, на задоволство на одбојкарските сладокусци, сме сведоци на квалитетен турнир во женска одбојка, во организација на струмичките клубови „Наковски волеј“ и „Виктори волеј“.
„Струмица отсекогаш бил спортски град, еден од најпознатите и најпризнатите спортски центри во Македонија, но имајќи ги во предвид постигнувањата испишани во спортската историја на нашиот град, тогаш слободно може да се каже дека Струмица пред се е град на одбојката.Спортскиот белег на овој град го дале и низа значајни спортски првенства и турнири од меѓународен карактер, кои секогаш ја истакнувале Струмица како исклучително добар домаќин и организатор. Уверен сум дека така ќе биде и овој пат.“, рече Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица кој го отвори турнирот во одбојка.
Турнирот, кој завршува денес (недела), а на кој учество ќе земат и екипи од Србија и Албанија, е под покровителство на Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Советот на општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.