26-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кое започна вчера, денес продолжува со предвидената програма.
Во Културниот дом „Антон Панов“, вечерва од 19.30, ќе се одигра претставата „Трговци на презервативи“, на Драмскиот куклен театар од Варца, Бугарија. Претставата е во режија на Борислав Чакринов.
Од 22 часот, почнува претставата „Петтиот чин“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, во режија на Ник Упер. „Петтиот чин“ е дело на Љубомир Џурковиќ, а улогите ги толкуваат Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски.
Втората фестивалска вечер ќе ја затвори монодрамата „Женска утопија“. Текст по мотиви од драмите на Јордан Плевнеш, а во режија и изведба на Димитрина Мицкоска.
Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ годинава се одржува во 5 фестивалски вечери, од 8 до 12 септември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.