Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Центарот на Заедницата на Општина Струмица организира работилница за изработка на акциски план за локална стратегија

Центарот на Заедницата на општина Струмица организира дводневна работилница на ден 11.09.2018 (вторник) и 12.09.2018 (среда) од 10 до 16ч. во канцеларијата на Центарот, во Дом на АРМ – Струмица.

Оваа активност е дел од проектот „Изработка на Акциски план за локалната Стратегија за заштита на своите граѓани, за периодот 2019 – 2020 година, имплементиран од Центарот на Заедницата на општина Струмица а финансиски поддржан од општина Струмица, преку G1 Програмата на Буџетот на Општината. Целта на овој проект е да придонесе кон непосредното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики во областа на социјалната заштита.

Акцискиот план ќе развие клучни активности што треба да се спроведат за да се обезбеди успешна имплементација на Стратегијата.

Работилниците се организираат со претставници на граѓанските организации, вработени во институции, општинска администрација, членови на Совет, претставници од месните и урбаните заедници од општина Струмица, но и други засегнати страни, со цел да се анализираат досегашните стратешки и плански документи на општината, како и изработка на нов документ – акциски план за локалната Стратегија за социјална заштита на своите граѓани, за периодот од 2019 – 2020 година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.