Ќерката на бардот на македонското глумиште Ристо Шишков ја промовираше својата втора збирка поезија во Струмица, како дел од оф програмата на годинашново издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.
Нејзиното второ поетско дело беше промовирано од страна на Гоце Ристовски, кој за авторката додаде дека и таа поминала низ премрежјата на животот, низ кои поминале и нејзините родители.
Инаку Шишкова е родена во Скопје, во семејството на Ристо Шишков и прима балерината на Македонската опера и балет – Зоица Пуровска-Велевска.
Шишкова во 2016-та ја издаде својата прва книга поезија „Креативна бурлеска“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.