По интервјуто на фудбалерот Горан Пандев, за спортскиот весник „Спорт“, во кое вели дека во Струмица има место само за еден силен тим кој ќе се бори за титула, ФК „Беласица“ од Струмица објави соопштение во кое не се согласува со ставот на Пандев. Напротив, вели дека Струмица е мал и спортски град во кој постојат десетици спортски клубови, но брендот и гордоста на Струмица е и секогаш ќе биде ФК „Беласица“.
Тие велат дека можат да се пофалат со традиција стара безмалку 100 години, која не се гради преку ноќ и дека во моментов се еден од најорганизираните клубови во Македонија ако не и пошироко. Според нив, наместо да ја деградираат со негативни коментари, на „Беласица“ треба да ѝ се честита затоа што полека, но сигурно се враќа на патот на успехот и после скоро 15 години се врати во ПМФЛ.
Додаваат дека ваквите негативни коментари и критики само повеќе ги мотивираат за сплотеност и единство на сите во клубот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.