Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Јаневски: Единаесетти Септември е цврст јазол кој ги поврзува минатото, сегашноста и иднината

Денес на Спомен Костурницата над Струмица беше одбележана 74 годишнината од нејзиното ослободување. За значењето на овој ден свое обраќање имаше градоначалникот на општината – Коста Јаневски, кој потенцираше дека не смее да се заборави Спомен Костурницата, затоа што таа крие бројни приказни, кажани и недоискажани, приказни кои го откриваат богатиот историски мозаик за слободарскиот дух, вгнезден во душите на струмичките борци.

Кога се зборува за слободата на Струмица, мора да се спомнат имињата кои се заслужни за тоа. Затоа струмичани вечно треба да им бидат благодарни на струмичките родољуби: Благој Јанков – Мучето, Боро Џони, Герас Цунев, Сандо Масев, Јоска Свештарот, Боро Поцков и останатите. Струмица мора да го почитува споменот на овие борци и да го пренесува од колено на колено на идните поколенија – истакна Јаневски.

Во знак на почит кон жртвите за слобода на Струмица беше положено свежо цвеќе а се одржа и мал митинг на револуционерна поезија во која учествуваа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.