Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Изложени делата од 55-та Меѓународна ликовна колонија во Струмица

Вчера, на чествувањето на Денот на ослободувањето на Струмица, беше отворена и изложбата на делата креирани од 55-та Меѓународна ликовна колонија.

45-те создадени дела беа изложени во Културниот дом „Антон Панов“ во Струмица, а на отворањето на изложбата присуствуваше и Градоначалникот Јаневски.

„Има некаква симболичка поврзаност на овој денешен празник и ликовната уметност. Ако денес ја славиме слободата на нашиот град, тогаш овие ликовни дела се резултат на уметничката слобода, која е основен предуслов за создавање вистински творечки вредности.“, рече Градоначалникот Коста Јаневски.

На колонијата учество зедоа 16 уметници од Македонија, Косово, Романија, Бугарија, Русија, Турција и Србија, а со годинешниве, бројката на дела креирани во ликовната колонија достигна 2200.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.