Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Вечерва завршува 26-тото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Вечерва е последната вечер од 26-тото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, кој ќе заврши со последните разговори на тркалезна маса, поетските дијалози на поети од Македонија и Бугарија кои ќе читаат своја поезија, драмата „Доктор Фауст“ во изведба на НУ „Народен театар“ – Битола, во режија на Андраш Урбан и објавувањето на наградениот актер за високо актерско остварување на овогодинешното издание.

Оваа година во конкуренција за медалјонот со ликот на патронот на фестивалот – Ристо Шишков и паричната награда во вредност од 1.500 евра, се борат околу педесетина актери од десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија.

Покрај редовната програма се одвиваше и дополнителна, богата фестивалска програма со промоција на повеќе дела и средби на поети од Македонија и Бугарија.

Жирито е предводено од минатогодишната лауреатка, српската актерка Тања Бошковиќ а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и нашата позната актерка Јоана Поповска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.