Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Наградата „Ристо Шишков“ во рацете на актерот Благоја Чоревски

  • Чоревски ја доби наградата за улогата во претставата „Квартет“.
  • На Фестивалот беа доделени и следните награди:
  • -Најдобра претстава - „Еднаш свет изградив“ во продукција на театарот за деца и младинци од Скопје;

Синоќа заврши 26-тото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ со доделувањето на наградата за највисоко актерско достигнување, на актерот Благоја Чоревски.

Чоревски ја доби наградата за улогата во претставата „Квартет“. Наградата од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков, плакета и парична награда во висина од 1.000 евра, му беше врачена од страна на директорот на Фестивалот – Ванчо Ристов Патриков.

На Фестивалот беа доделени и следните награди:

-Најдобра претстава – „Еднаш свет изградив“ во продукција на театарот за деца и младинци од Скопје;

-Најдобра режија – Ник Апер за претставите „Петтиот чин“ изведена од народниот театар од Струмица и „Ибзеновите женски“ во изведба на Покер театар студио од Љубљана и Аграрија од Копер, Словенија;

-Најдобра фотографија, дизајн на светло и костимографија – Јулијана Војкова Најман, за претставата „Клетници“ во изведба на Прилепскиот театар;

-Најдобра музика – групата „Фолтин“, за претставата „Клетници“;

-Најдобар текст – Радован Тишма за „Четири браќа“ на Књажевскиот српски театар од Крагуевац;

-Награда за машка улога – Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски, за нивните улоги во „Петтиот чин“;

-Награда за женска улога – Румјана Мерџанска за улогата во „Трговци на презервативи“ на театарот Враца, Бугарија и Мирјана Поповска Ристов за улогата во „Дони Дарк“ на Театар Комедија – Скопје;

-Дебитантско остварување – Димитрина Мицкоска за улогата „Женска утопија“; и

-Специјална награда на Фестивалот – претставата „Доктор Фауст“ во изведба на Битолскиот народен театар.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.