Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево асфалтираше улица во Нова Маала

Заврши асфалтирањето на улицата во населеното место Нова Маала, која води до селската продавница. Улицата е во должина од околу 3 метри и широка 4, колку што дозволуваат условите на теренот. За реализирањето на овој проект обезбедени се средства од општинскиот буџет, во висина од 1 милион и 100.000 денари.

Локалната патна инфраструктура е еден од приоритетите на општина Василево. Добрата инфраструктура е еден од битните услови граѓаните на нашите населени места да имаат подобри услови во кои ќе живеат, работат, ќе го минуваат и организираат своето секојдневие – истакна градоначалникот на општината Марјан Јанев.

Тој додаде дека очекува да потраат временските услови оваа градежна сезона, за да можат да ги реализираат сите предвидени инфраструктурни проекти.

Инаку претходно беше асфалтирана улица и во населеното место Седларци, во должина од 65 метри а во план е да биде асфалтирана и една улица во населеното место Василево, во должина од 100 метри.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.