Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Граѓанските организации од Струмица со поддршка на референдумот

Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски оствари отворена дискусија со Граѓанските организации од општината, за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година.

Како што истакна Јаневски – по споделените мислења, заедничкот заклучок е дека интеграциите во ЕУ и НАТО се патот кој на нашата држава ќе и овозможи сигурен просперитет, интегритет, сигурност на границите, сигурност на слободата на своите граѓани, ќе овозможи поголем економски просперитет, поголем пристап до европските фондови, поголема можност за едукација и послободна комуникација на младите луѓе. Исто така, поотворена размена на секакви идеи, поголем пазар за бизнисите во Македонија, поздрава конкурентност за нашите претпријатија.

Според Јаневски, тоа се значајни придобивки кон кои со години се стремат да ги добијат и затоа треба да се даде придонес во решавањето на судбината на Македонија. Тој апелираше до граѓаните да учествуваат во креирањето на иднината на својата држава.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.