Вчера во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село кај делницата Босилово – Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“ со струмички регистерски таблици, управуван од И.Н.(33) од Робово и патничко моторно возило „Фиат Уно“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ѓ.Т.(55) од Струмица.
Возачот Ѓ.Т. и сопатничката од истото возило Н.П.(34) се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди и укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.