Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Тешко повреден тракторист во сообраќајка на патот Банско – Мокрино

Вчера во 05,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Банско – Мокрино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат Алхамбра“ со струмички регистерски таблици, управувано од Д.Н.(58) од  село Мокриево, и трактор „ИМТ 539“ без регистерски таблици, управуван од  Т.В.(67) од село Борисово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката од тракторот Л.В.(66) од село Борисово и им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.