На 19-ти септември (среда) дуото Скупи ќе има свој концерт во Струмица, во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, со почеток од 19:30 часот.
Дуото Скупи се состои од Јета Старова Мехмети – флејта и Ермаљ Мехмети – виолина. Ова дуо постои од 2006-тата година и оттогаш со големи успех настапува на значајни фестивали, манифестации и рецитали во Македонија, во Европа и САД.
Тие се добитници на признанието „Истакнати музичари“ во Рагуза, Италија. Исто така, дуото е добитник на едно од најзначајните признанија во земјава – Статуетка за хумани и музички активности „Мајка Тереза“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.