Неколку средношколци од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, во менторство на профeсорката Борка Дончева, беа дел од еднодневниот едукативен семинар во Собранието на Република Македонија, на тема „Демократијата и Собранието“, организиран од Парламентарниот Институт на Собранието.
Целта на овој семинар е да се приближи работата на Собранието до младата популација, со што ќе придонесе за развој на нивната свест за придобивките од демократијата.
Учениците кои учествуваа на семинарот се запознаа со зградата на Собранието преку организирана обиколка низ неговите најрепрезентативни простории како што е Собраниската сала.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.