Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Четири дена гори депонијата кај Добрашинци

Веќе четири дена како гори депонијата кај Добрашинци – општина Василево, откако во неделата попладне избувнал пожар. Пожарот во инспекциските служби го пријавиле жителите на ова населено место, а вработени од комуналното претпријатие од Струмица се веќе на терен и работат на негово санирање.

Според информациите од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од страна на несовесни и неодговорни граѓани а пожарот избувнал во изолираниот дел за тврд отпад.  Од вчера на депонијата е голем, дваесеттонски багер кој работи на санирање на запалениот отпад и смет.

Екипи на Противпожарната единица од Струмица се исто така на терен, кои заедно со вработените од „Комуналец“ не дозволиле пожарот да се прошири и од вчера е ставен под контрола. Инаку, на оваа депонија се одлага смет и отпад не само од општина Василево, туку и од општина Струмица .

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.