Во рамките на Програмата за еднакви можности на мажите и жените на општина Струмица за 2018-та, се одржа женски турнир во фудбал „Сите сме еднакви – и девојките играат фудбал“, на стадионот „Младост“. На турнирот учествуваа девојчиња од основните училишта во Струмица и фудбалскиот клуб „Беласица“. Турнирот го отвроти Софче Иванова – Заменик координатор за еднакви можности на општина Струмица.
Иванова истакна дека општина Струмица е првата која изработи стратешки документи за унапредување на еднаквите можности и има реализирано повеќе проекти и иницијативи кои покажаа огромни резултати на полето на еднаквите можности. Според неа, свеста за рамноправност се развива уште од најмала возраст кај децата и затоа треба да се допре до нивната свест и воедно да се ангажираат во разни спортски активности.
Овој турнир се одржа во организација на ЖФК „Тиверија“ од Струмица а со поддршка на општина Струмица, ФК „Беласица“, Фудбалската Федерација на Македонија и Опен Фан ФУдбал.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.