Во градинката „Детска радост“ клон 2 во Струмица започна да функционира целодневниот престој на децата на возраст од 6 до 10 години. Запишани се околу 50-тина деца – ученици во основните училишта „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“ и „Видое Подгорец“ и со нив работат двајца воспитувачи од одделенска настава.
Децата кои се вклучени во целодневниот престој имаат организиран превоз од училиштата, во придружба на воспитувачите и добиваат ручек и ужинка.
На овој начин, општина Струмица им помага на родителите, кои поради работните или други обврски, не се во можност да бидат дома со своите деца и да им помагаат во извршувањето на училишните обврски.
При посетата, градоначалникот Јаневски потенцираше дека интересот за вклучување на децата во целодневен престој е голем и овој простор не ги задоволува целосно барањата на родителите, но според него, општина Струмица и градинката „Детска радост“ ќе направат се за да го решат тој проблем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.