Деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на постојниот Дом на културата во населеното место Нова Маала и негова адаптација во спортска сала. Со завршувањето на оваа фаза која е и финална, жителите на ова населено место ќе добијат современа спортска сала за нивните потреби и потребите на О.О.У „Атанас Нивичански“.
Согласно планот на активности ќе биде извршено внатрешно и надворешно малтерисување, изработка на надворешна фасада, комплетна водоводна и електрична канализација, ќе биде поставена нова алуминиумска столарија, ќе бидат завршени и опремени соблекувалните и тоалетите а ќе се постават и кошеви согласно ФИБА стандардите.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 2 милиони денари, од кои 1 милион и 800.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, преку Програмата за регионален развој за 2018-та година, останатите 200 000 денари се обезбедени од општинскиот буџет. Според градоначалникот Марјан Јанев, се очекува реконструкцијата да заврши за околу 2 месеци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.