СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Д (41) , до Основното јавно обвинителство – Струмица, поради сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Пријавениот, кој е вработен како полицаец во Полициската станица во Струмица, побарал од заменик командирот усно да добие слободен ден на 20-ти септември, по што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д преку командирот на полициската станица доставил барање, на што од страна на заменик командирот било нагласано дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуваат навремено, заради планирање на службите на Станицата. Пријавениот, во канцеларијата на заменик командирот почнал да му се обраќа со висок тон и во еден момент го удрил во пределот на вратот – стои во соопштението на СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Струмица, против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.