Општина Струмица денеска ја посетија Димитар Карастојанов, заменик амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија и Мартин Захариев аташе во амбасадата.
На средбата со претставниците на Општината се разговараше за досегашната соработка и реализацијата на проекти, со посебен осврт на проектот „Повеќенаменски социјален центар во општина Струмица“ чија цел е поголема инклузија на социјално ранливите групи во општеството.
Проектот е финансиран од Владата на Република Бугарија преку Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија според Среднорочната програма за развој и хуманитарна помош 2016-2019 година.
И гостите и домаќините го потенцираа задоволството од реализацијата на проектот, но и од идејата за проширување на неговите сервисни услуги. Тема на разговор беше и продлабочувањето на соработката во повеќе области.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.