Општина Василево викендов асфалтираше улица во населеното место Василево. Станува збор за една од најфреквентните улици која води од поштата до повеќенаменското игралиште. Поставен е нов асфалтен слој, во должина од 300 метри а ширината на коловозната лента е проширена и изнесува 5,5 метри.
Исто така, изградени се и тротоари од двете страни на улицата, како пешачки патеки за граѓаните а поставени се и канделабри. Под улицата е изградена атмосферска канализација, со цел прибирање на атмосферските води.
Средствата за реализирање на оваа инвестиција се грант обезбеден од ИПА предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.