Екипи на одделението за „Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, почнувајќи од денес (четврток) ќе спроведуваат акција за уредување на дрвјата во дворот на Домот на АРМ во Струмица.
Со оваа активност ќе биде извршено кастрирање и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, во согласност со претходната проценка од стручни лица.
На овој начин ќе се обезбеди соодветна подготовка на дрвјата пред есенско-зимскиот период.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.