Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, на денот на одржувањето на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.
За граѓаните ќе бидат отворени сите седум канцеларии на Народниот правобранител меѓу кои и во Струмица, каде што освен лично, граѓаните ќе можат да се јават за заштита на нивните права и на телефонскиот број 034 329 996.
Народниот правобранител потсетува и на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по ова референдумско прашање е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.
Исто така, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување и ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.