Започна асфалтирањето на дел од локална улица во населеното место Бориево. Како што истакна градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков, реализацијата на овој проект е составен дел од Програмата за локални патишта и улици, во должина од 250 метри.
За ова населено место во текот на оваа година, во план е да се изработи техничка документација и за останатите две улици кои им беа ветени на граѓаните, за да може веќе во следната година да бидат реализирани – изјави Зимбаков.
Тој додаде дека во моментов се работи на асфалтирање на уште неколку локални улици и тоа во населените места Иловица – реализирана преку Бирото за Регионален развој и локална улица во населеното место Еднокуќево, која ќе се спои со улицата која води кон село Муртино.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.