Денеска во атарот на селото Просениково започнаа градежните активности за изградбата на канализационен систем. Воедно, жителите на ова населено место денеска ги добија и клучевите од реконструираниот дом на култура од страна на градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, кој заедно со Претседателот на Советот – Марјан Даскаловски присуствуваше на денешните градежни активности.
Јаневски истакна дека, со започнувањето на изградбата на канализационен систем, значително ќе им се подобри животот на граѓаните во ова село и дека овој голем проект на Владата на Р.Македонија се однесува на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во населените места.
Изградбата на двата канализациони системи чини 44 милиони денари, обезбедени од Европската инвестициона банка а со свој дел учествува и општина Струмица.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.