Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од страна на Детската фондација „Песталоци“, учениците од О.О.У „Маршал Тито“ – село Муртино, реализираа програмска активност планирана за секцијата по физичко и здравствено образование.
Активноста наречена „Фудбал со раце по земја“ опфати повеќе елементи на заедничка тимска работа, работа во групи, меѓусебна соработка, дружење и учење едни од други. Учениците споделуваа нови искуства и учеа креативни спортски содржини, вежби и игри кои физички директно влијаат врз правилниот раст и развој на ученикот, ја подобруваат неговата физичка способност и здравјето и ги поттикнуваат на здрав начин на живот.
Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности и развиваат вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.