Струмичанецот Д.П (33) од струмичкото село Мокрино заработи кривична пријава од полицијата бидејќи преку лажен профил на Фејсбук „Андон Ќосето“ му се заканувал на премиерот Зоран Заев и неговото семејство. Тој ќе одговара за загрозување на нивната сигурност.
Според информациите од МВР – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесол пријава против Д.П, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Тој преку лажниот профил споделил објава со заканувачка содржина кон премиерот и неговото семејство.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.