Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пронајдени тринаесет мигранти во превртено возило со струмички таблици

Утрово околу 06:30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „Рено Еспејс“ со струмички регистарски ознаки управувано од страна на непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.

Како што соопштија од МВР, возачот по незгодата избегал од местото на несреќата а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени. Повредените биле пренесени во Општата болница во Велес а потоа префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот а екипа на СВР од Велес  извршила увид на местото на настанот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.