Таткото на режисерот Јани Бојаџи е еден од тринаесеттемина приведени за криумчарење на артефакти – соопшти МВР. Тој беше приведен во рамките на акција за сузбивање криминална група заедно со уште 12 други лица, од неколку градови. Режисерот Бојаџи ја потврди информацијата дека полицијата извршила претрес во домот на неговите родители во Струмица, по што, неговиот татко бил однесен во полициската станица во општина Гази Баба – Скопје. Како што соопштија од МВР, при акцијата привремено се одземени голем број на артефакти .
Бојаџи ја потврди информацијата за приведувањето на неговиот татко пред почетокот на синоќешната премиера на својот филм „Ругање со Христос“. Неговиот филм е актуелен во изминатиов период по реакциите од страна на Министерот за култура Асаф Адеми и директорот на агенцијата за филм Горјан Тозија кои филмот го оценија како скандалозен, без уметничка вредност и дека ги навредува чувствата на Албанците, оти војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.
Бојаџи пред неколку дена изјави дека власта се обидува да ја спречи премиерата и кинодистрибуцијата на филмот во Македонија и кажа дека филмот е одбиен од сите центри за култура.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.