Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица почнува третиот ГастроМак Македонија 2018

Од 8-ми до 12-ти октомври во хотел „Вила Парк“ во Струмица ќе се одржува третиот меѓународен гастрономски натпревар „ГастроМак Македонија 2018-та“. И годинава на него ќе се соберат врвни светски готвачи.

Општина Струмица и хотелот „Вила Парк“ се традиционални организаторски и логистички поддржувачи на едно од најголемите годишни гастрономски случувања во регионот и пошироко. Овој собир на врвни готвачи и кулинарски мајстори е во организација на ГастроМак – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија а под покровителството на WACS (Светската организација на шефови на кујни).

Најавено е присуството на околу 500-тини судии, мастерклас предавачи, натпреварувачи и специјални гости од над 30 земји од светот.

Како што истакна Адријана Алачки – Претседател на ГастроМак Асоцијацијата, овој настан е од отворен карактер и сите се поканети и добредојдени да вкусат „Залче од светските вкусови“.

Инаку, натпреварувачки денови се 9, 10 и 11-ти октомври, кои ќе се одвиваат во посебно подготвениот простор во Централната сала на хотелот „Вила Парк“, на првиот кат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.