Градоначалникот на општина Ново Село – Боро Стојчев, нема да оди во затвор за проневера во службата – кривично дело кое тој го сторил во 2010-та а бил осуден во 2015-та, бидејќи, како што вели Кривичниот Совет при Основниот суд во Струмица – не постоела посебна постапка за отповикување на ново дело и поради тоа барањето е отфрлено како недозволено. Тоа можело да се направи само за време на постапкатата која се водела против него за кривичното дело обид за шверц на цигари, велат од струмичкиот суд.
На оваа одлука од страна на Кривичниот совет на Основниот суд во Струмица, Основното Јавно Обвинителство има право на жалба до Апелациониот суд во Штип во рок од три дена.
Градоначалникот пред неколку дена поднесе и неотповиклива оставка од функцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.