По синоќешното дефиле од пред општинската зграда до хотел „Вила Парк“ во Струмица, свечено започна третиот интернационален гастрономски натпревар „ГастроМак 2018-та“. По тој повод, свое поздравно обраќање имаше градоначалникот Коста Јаневски, кој истакна дека убавите нешта треба да се повторуваат и затоа Струмица по втор пат е домаќин на оваа кулинарска манифестација.
Тој додаде дека љубовта кон храната и љубовта кон кулинарството ја создале оваа манифестација и дека најверојатно струмичани се покажале како добри домаќини штом по вторпат оваа манифестација се одржува овде.
Инаку, на третото издание на „ГастроМак“ ќе учествуваат готвачи од околу 30-тина земји од светот и ќе трае до петок – 12-ти октомври.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.