О.О.У „Маршал Тито“ – Струмица беше едно од 15-те основни училишта кои учествуваа на работилницата на тема „Детски парламент“ која се одржа во организација на Парламентарниот Институт на Собранието на Република Македонија.
На работилницата учествуваа 5 ученици од деветто одделение кои го изучуваат предметот Граѓанско образование, во придружба на нивната наставничка м-р Трајанка Колева.
Станува збор за прва сесија на „Детски парламент“ во која учествуваа вкупно 89 ученици и 15 наставници. На учениците им беше пружена несекојдневна можност да влезат во „чевлите на пратениците“. Во рамки на работилницата учениците го разгледаа Собранието преку организирана обиколка на најпрезентативните простории на зградата, се запознаа со дел од пратениците, симулираа пратеници преку „Игра на улоги“ и дебатираа на дадена тема изнесувајќи аргументи и гласајќи ЗА или ПРОТИВ понуденото законско решение.
Сите учесници на работилницата добија сертификати за учество. Целта на ваквите работилници е да се приближи работата на Собранието до младата популација и да допринесе за развој на нивната свест за демократијата и човековите права.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.