Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се одржи Научен симпозиум за источно-црковно пеење во Македонија

Во Храмот „Св.Петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица ќе се одржи дводневен Научен симпозиум за Источно-црковно пеење во Македонија. Симпозиумот ќе трае од 12-ти до 13-ти октомври 2018-та година.

Вечерва со почеток од 19.30ч. ќе се одржи Вовед во Научниот симпозиум со промоција на трудот „Антологија на македонското црковно пеење“ од д-р Јане Коџабашија, чиј промотор ќе биде академик Луан Старова. Потоа ќе следуваат настапите на Градскиот женски хор „Менада“ од Тетово и Камерен хор „Херувими“ од Скопје. Во сабота со почеток од 11ч. излагачи на Научниот симпозим ќе бидат: Мирјана Павловска-Шулајковска, Игор Гулевски, Илија Велев, Ивица Зориќ, Јане Коџабашија и Кире Козаров. Симпозиумот ќе биде завршен со дискусија и осврт на истиот.

Овој настан е во организација на НУЦК „Антон Панов“ и Струмичката Епархија а потпомогнат од страна на Министерството за култура на Р.Македонија и Градоначалникот и Советот на општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.