Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Секирник се одржа завршна конференција за реализираниот проект за реконструкција на Културниот дом

Во населеното место Секирник се одржа завршна конференција за реализираниот проект за реконструирање на Културниот дом, помеѓу општина Босилово и општина Грмен од Република Бугарија, кои заедно соработуваат на прекугранични проекти.

Со реконструирањето на Културниот дом во Секирник, жителите на ова место добија современ, мултифункционален објект за повеќе намени – истакна првиот човек на општината Зоран Зимбаков. Според него, најголем бенефит од објектот ќе има КУД „Русалии“ на кој му беше потребно катче за извршување на своите активности.

Вредноста на овој проект изнесуваше 193 илјади евра и ова е четвртиот проект реализиран во ова населено место преку Програмата за меѓугранична соработка. Целта на овој проект е да се развива туризмот во прекуграничниот регион Босилово – Грмен, преку зачувување на локалните културни традиции. Во фаза на евалуација се уште два проекти за кои, како што истакна Зимбаков, се надеваат дека ќе ги добијат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.