Во духот на традицијата и обичаите а со цел да има соживот во општеството, во ООУ „Маршал Тито“- Струмица беше организирана пригодна програма за пречек на гостите од збратименото училиште Алпарслан од Изник – Турција.
Воедно беше одбележан и Светскиот ден на гладта преку подготовка и дегустација на традиционални специјалитети од страна на вработените, родителите и учениците од македонска и турска националност. Гостите од Турција и претставници на училиштето имаа средба и со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.