На 19.10.2018-та (петок), со почеток од 20 часот, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, талентираниот струмичанец Георги Трајков ќе го одржи својот прв концерт на класична гитара.
Гости на концертот ќе бидат Сара Јанева – мецосопран и Александар Бончев – корепетитор.
Дел од програмата на концертот се и: J.S.Bach, L.Legnani, F.Sor, F.Tarrega, A.Barrios- Mangore, J.Turina, Тодор Скаловски.
Инаку, Георги Трајков е роден 1997-та година во Струмица. Бидејќи негувал љубов кон музиката, средно училиште завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје, отсек класична гитара, кај проф.д-р Дарко Багески. Во текот на школувањето учествувал на повеќе државни и меѓународни натпревари во Македонија и надвор и има освоено 7 први, 4 втори и 5 трети награди. Во моментот e четврта година нa Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.