Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица отворени „Отворените забавни фудбалски школи“

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска беа отворени „Отворените забавни фудбалски школи“. Во нив учествуваат 80 момчиња и девојчиња, ученици од второ до шесто одделение од општинските основни училишта „Даме Груев“ од Куклиш, „Маршал Тито“ од Муртино, „Сандо Масев“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица. Забавните фудбалски школи за отворени ги прогласи градоначалникот, Коста Јаневски.

Јаневски истакна дека, без разлика на полот, возраста и фудбалското знаење, целта на овие игри е меѓусебно дружење на децата, стекнување нови пријателства и јакнење на здравиот дух. Овие бенефити се од непроценливо значење за сите кои ќе бидат дел од овие школи и игри, поврзани со фудбалот. Токму поради тоа, општина Струмица секоја година го поддржува овој проект.

Тој додаде дека и овојпат очекуваат овие забавни фудбалски школи да ги дадат посакуваните резултати, но и трите настани кои следуваат, од кои еден до крајот на годинава, и уште два напролет, на кои повторно ќе учествуваат основните училишта од општината, но и фудбалските екипи кои негуваат работа со најмалите категории.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.