Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Објавен оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица во станбенa зградa на улица „Ѓорѓи Василев“, број на зграда 44 во Струмица, изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија.

Според огласот корисници на социјалните станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбеден и тоа: деца без родители или родителска грижа, лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени како и самохрани родители со малолетни деца.

Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.