Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Самостојна изложба „Носталгија“ на академскиот сликар Ана Филев

Вечерва од 19 часот во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе се одржи самостојна ликовна изложба „Носталгија“, на академскиот сликар Ана Филев.

Како сликар Ана Филев се пронаоѓа во различни ликовни техники и на различен начин го покажува својот талент. Освен со сликање на ликовни дела, Филев се занимава и со сликање детски соби.

На нејзината самостојна изложба ќе бидат презентирани дела инспирирани од македонската стара архитектура. Досега таа има остварено 6 самостојни и повеќе групни изложби, како и учество на ликовни колонии во земјава и во странство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.